ГОСТИ, ТРЕМОЛО - СКОПЈЕ 2024

 

Роден во Навахермоза (Толедо), а подоцна се преселува во Астурија (Шпанија). На 6-годишна возраст ги започнува своите музички и гитарски чекори во Мадрид. На 11 години, учителот и гитарист Пепе Нуњез го претставува како фламенко изведувач.

Кеси Мартин започнува да свири гитара на 5 годишна возраст. По обуката во Конзерваториумот на Орлеанс, таа влегува во класата на Жерар Абитон - Париз, кај кого студирала 4 години. На 17 години, таа продолжува во класата на Оливие Шасеин во CNSM во Париз, каде што магистрирала...

Џими Лиу е роден во Тајван. Магистрирал на школата Истман за музика на Универзитетот во Рочестер, Њујорк и учел со добро познати гитаристи, вклучувајќи ги маестро Оскар Гиља, Шин-ичи Фукуда, Проф. Николас Голусес и Проф. Минг-чиен Фанг...

Вегим Кучи е роден во Скопје во ноември 1995 год. Неговото музичко образование го започнува на осум годишна возраст. Продолжува средно образование како ученик на проф. Дарко Багески, и под истото менторство дипломира на Факултетот за Музичка Уметност при...

Дуо Балкан е основан од Луна Пиљиќ од Белград и Матеј Детељ од Вараждин во 2023 година во Скопје. Тие се запишаа на академските студии по класична гитара на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. м-р Дарко Багески.

Вулнет Незири средното музичко образование го заврши во „Тодор Скаловски -Тетоец“ во Тетово. Студираше за обоа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, освојувајќи втори награди на државните и меѓународни натпревари, вклучително и „Арс Косова“ во Приштина.

Јетмир Мехмеди студираше на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј - Скопје” на Музичка Академија, класична гитара во класа на Проф. М-р. Дарко Багески. Учествувал на многу фестивали за класична гитара како: LI GI TA (Liechtenstein), Guitar Art (Белград/Србија), Zagreb guitar fest - ZGF...

Роден е 1997 година во Струмица. Основно музичко образование стекнува во Струмица во класата на проф. м-р Васко Пиличев. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј” во Скопје, отсек класична гитара во класата на проф. м-р Дарко Багески.