| СИТЕ ДОСЕГАШНИ ГОСТИ НА ТРЕМОЛО - СКОПЈЕ |
Шпанија
Роден во Гвадалахара и израснат во Мадрид, Хозе Луис Мартинез Морено е познат шпански класичен гитарист, композитор и продуцент со истакната кариера што трае повеќе од четириесет години.
Србија
Милош Вуковиќ, роден 1996 год., е српски класичен гитарист и камерен музичар чија уметност е дефинирана со интерпретативна длабочина, стилска јасност и силна посветеност на современата музика.
Србија
Дипломирал како најдобар студент на полиинструменталната насока во класата на професорот Дарко Карајиќ на Факултетот за музичка уметност во Белград со просечна оценка 10 по главниот предмет и вкупна ...
Роден во Навахермоза (Толедо), а подоцна се преселува во Астурија (Шпанија). На 6-годишна возраст ги започнува своите музички и гитарски чекори во Мадрид. На 11 години, учителот и гитарист Пепе Нуњез го претставува како фламенко изведувач.
Кеси Мартин започнува да свири гитара на 5 годишна возраст. По обуката во Конзерваториумот на Орлеанс, таа влегува во класата на Жерар Абитон - Париз, кај кого студирала 4 години. На 17 години, таа продолжува во класата на Оливие Шасеин во CNSM во Париз, каде што магистрирала ...
Вегим Кучи е роден во Скопје во ноември 1995 год. Неговото музичко образование го започнува на осум годишна возраст. Продолжува средно образование како ученик на проф. Дарко Багески, и под истото менторство дипломира на Факултетот за Музичка Уметност при ...
Дуо Балкан е основан од Луна Пиљиќ од Белград и Матеј Детељ од Вараждин во 2023 година во Скопје. Тие се запишаа на академските студии по класична гитара на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. м-р Дарко Багески.
Вулнет Незири средното музичко образование го заврши во „Тодор Скаловски -Тетоец“ во Тетово. Студираше за обоа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, освојувајќи втори награди на државните и меѓународни натпревари, вклучително и „Арс Косова“ во Приштина.
Јетмир Мехмеди студираше на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј - Скопје” на Музичка Академија, класична гитара во класа на Проф. М-р. Дарко Багески. Учествувал на многу фестивали за класична гитара како: LI GI TA (Liechtenstein), Guitar Art (Белград/Србија), Zagreb guitar fest - ZGF ...