
Вегим Кучи е роден во Скопје во ноември 1995 год. Неговото музичко образование го започнува на осум годишна возраст. Продолжува средно образование како ученик на проф. Дарко Багески, и под истото менторство дипломира на факултетот за музичка уметност при универзитетот СВ. Кирил и Методиј во Скопје.
Добитник е на многубројни државни и меѓународни натпревари. Настапува како солист и како дел од повеќе камерни состави.
